Феенорд – Динамо Тбилиси (19.30 часот)
Холандскиот тим и без повредениот Ван Бек е доволно кадарен за да издоминира против Грузијците. На Феенорд во подготовките не му одеше најдобро, во првото коло од лигата одигра само 2-2 со градскиот ривал Спарта. Динамо со сигурна игра го мина двете кола од квалификациите, но сега налетуваат на доста посилен ривал од претходните. Феенорд не е Габала од Азебејџан, и важи за фаворит во овој дуел, редно е да почне да победува.
Предлог тип (квота на ден на Sport Life): 1 & 2-4 (2.10)
Вадуц – Ајнтрахт (20.30 часот)
Ајнтрахт би требало да го прегази Вадуц како плиток поток. Германците нема да го потценат тимот кој го совлада унгарски МОЛ Фехервар, но сега ќе го докажат својот квалитет. Вадуц е тим кој не прима многу голови, иако на последниот меч прими три, но сепак бундеслигашот е пресилен и не би смеел да си поигра со своето реноме, па уште на првиот меч би требало да покаже кој е кој во овој двобој.
Предлог тип (квота на ден на Sport Life): Т2 1+I & Т2 3+ (2.60)
Партизан – Јени Малатијаспор (21.00 часот)
Проблемот на Партизан е негативната традиција која ја има против турските клубови во европските купови. Можеби ова е момент да се прекине таа традиција, бидејќи Малатија не е Фенер, Галата или Бешикташ. Сепак, и гостите имаат свои математики, и иако како клуб првпат излелгуваат во Европа, имаат искусни играчи, а нашиот Јаховиќ кажа дека намерата им е да играат во групната фаза од ЛЕ.
Предлог тип (квота на ден на Sport Life): 1Х & 2+ (1.85)
Тун – Спартак Москва (19.00 часот)
Тун стартуваше лошо во новата сезона во швајцарската лига, има само два бода по првите три кола. И Спартак го има истиот биланс во Русија. Тун дома има само една победа на последните пет средби. Предноста на Спартак е искуството во европските купови. Овие тимови никогаш досега не играле меѓусебе. Не е лесно да се предвиди исходот на овој меч.
Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.72)
Ријека – Абердин (20.00 часот)
Шкотите во домашната лига тргнаа со победа над Хартс од 3-2, но на гостувањето кај Ријека нема да им биде лесно. Ријека го намачи Динамо во хрватскиот суперкуп. Абердин ја елиминираше Ријека во истата оваа фаза пред четири години, сега Хрватите ќе се обидат да им вратат мило за драго. Абердин има тројца повредени играчи.
Предлог тип: 1 (1.75)