Академија Пандев и Македонија ЃП ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија

Академија Пандев за првпат во својата историја ќе се бори за пехарот во Купот на Македонија откако денес триумфираше и на гостувањето кај Победа со идентични 3-1, како што беше во пресметката во Струмица (вкупно 6-2). Пандевци до победата стигнаа преку пресврт, откако се најдоа во негатива од 1-0 по првите 45 минути.

Домаќините отворија во третата минута со погодокот на Калановски, а при стартот на второто полувреме, Пандевци израмнија со гол од белата точка. Велинов во 58-мата минута го најави пресвртот на гостите, додека Стојкоски на пет минути до крајот на средбата ја завери победата на Академија Пандев.

Македонија Ѓорче Петров ја совлада Беласица со идентични 1-0, резултат кој го одбележа и првиот полуфинален дуел. „Лавовите“ со вкупен резултат од 2-0 по пауза од една деценија, повторно ќе се борат за пехарот во Купот на Македонија.

Единственииот гол на средбата беше дело на Џонов, тој си постигна автогол, кој ѝ овозможи на екипата од Ѓорче Петров да размислува за финалето.

- Оглас -

Најнови вести