Академците на Пандев се незгодни гости во Првата лига, ќе се обидат да го скршат гипсот на Ренова

Ренова и Академија Пандев ќе го играат дербито на 15. коло во домашната лига и премиерен меч од оваа рунда, денеска во Тетово од 13 часот.

Акасдемците на Пандев се најнезгодната гостинска екипа со 12 бода од 7 меча, а примија и најмалку голови кога гостуваат, само 4.

Ренова има само едне пораз на свој терен, а загуби во предминатото коло во градското дерби со Шкендија со 0:1.

И двете екипи бијат битка за врвот на табелата, па Академија Пандев како второпласирана екипа има 4 бода негатива во однос на лидерот Шкупи, а Ренова е на третото место со 7 бода помалку од чаирчани и три од денешниот ривал.

Интересно е што Академија Пандев го има најдобруиот стрелец во Првата лига, а Мартин Мирчевски е гол-машина со 15 погодоци и просек над еден гол по меч.

Веднаш зад него е Ремзи Селмани со 10 гола, па денеска ќе гледаме и дуел на двајцата топ-голгетери во Првата лига.

Двојки, 15. коло ПМФЛ:

Денеска од 13 часот: Ренова – Академија Пандев.

Утре, 13 часот: Шкупи – Струга, Македонија Ѓ.П. – Шкендија, Тиквеш – Работнички, Брегалница – Борец, Пелситер – Скопје.

Табела: Шкупи 32, Академија Пандев 28, Ренова 25, Шкендија 24, Струга и Брегалница по 22, Македонија Ѓ.П. 20, Работнички 18, Скопје 16, Тиквеш 10, Борец 8, Пелистер 4.

- Оглас -

Најнови вести