Еден клуб, вечна љубов – Русите го имаат најлојалниот фудбалер во Европа, Македонија се гордее со вардаровата легенда

Игор Акинфеев го има приматот најлојален член на ист фудбалски клуб и со 17 години и речиси четири месеци како голман на ЦСКА Мосова е прв на листата, пред капитенот на Сент Етјен, Лоик Бруно Перан и Лео Меси од Барселона.

Акинфеев е член на популарните Армејци од Москва од 2002 година, а интересно е што ЦСКА му е матичен клуб, а Игор е нивни член од петгодишна возраст.

Репрезентативецот на Русија е роден во 1986 година, а само пет лета подоцна почна да тренира во ЦСКА Москва, па може да се смета и стажот од мали нозе. Тоа се вкупно 29 години во ист клуб, што е фантастичен податок за верност и лојалност кон ист клуб.

Зад него е капитенот на Сент Етјен Лоик Перан, кој игра за 10-кратниот француски шампион непрекинато од 2003 година. Има 368 настапи за клубот што му е единствен досега во професионалната кариера. Зад нив е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси како член на Барселона од 2004 година.

До лани епитетот најлојален европски клупски играч беше Даниеле Де Роси, но капитенот на Рома замина во Бока јуниорс и го прекина 18-годишниот стаж во редовите на римската волчица.

Во топ-10 најверни фудбалери на ист клуб се и Франческо Мањанели од Сасуоло, Џорџо Кјелини од Јувентус, Серхио Рамос од Реал Мадрид, Семи Босут од Зулте Варегем, Бруно Соријано кој игра за Вилјареал, Хави Лопес од Еспањол и Марсело од Реал Мадрид.

Во оваа категорија во својата фудбалска ера можеше да конкурира и легендата на Вардар и на македонскиот фудбал Кочо Димитровски.

 

Во Вардар ја мина целата професионална кариера од 1968 до 1985 година и одигра неверојатни 845 натпревари со 95 постигнати голови за „црвебо-црните“.

 

- Оглас -

Најнови вести