Ако биде тренер, Ибрахимовиќ ќе ги тепа сите играчи

Златан Ибрахимовиќ годинава треба да го прослави јубилејниот 40-ти роденден, но Швеѓанецот нема намера да се повлече од фудбалот. Легендарниот голгетер и сезонава е незадржлив па во 20 меча даде 16 погодоци за Милан. Популарниот Ибра и вечерва треба да биде главен адут на Росонерите во дербито против Рома на „Олимпико“.

Швеѓанецот вели дека не размислува за повлекување, но и дека кога ќе реши да ги стави „копачките на клин“, воопшто нема да размислува за да продолжи како тренер. Ибра вели дека е премногу темпераментен и дека ќе страдаат играчите.

„Невозможно е да бидам тренер. За време на мечот ќе истепам барем двајца фудбалери, а по мечот уште осуммина“, рече Ибрахимовиќ во шега.

Покрај одличните голгетерски способности, Златан е познат и по неговиот темперамент, па не ретко знае да влезе во конфликт со некој од противниците. Последен пат тоа го направи на дербито против Интер, кога малку фалеше да се степа со Ромелу Лукаку со кој заедно играа во Манчестер јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести