Ако Фламенго загуби, Габи-гол нека не се враќа во Рио

Со голот на Рафаел Боре, Ривер плејт води против Фламенго со 1-0 по првото полувреме во финалето на Копа Либертадорес, кое се игра на неутрален терен во Лима во Перу. Боре давапе гол и во четвртфиналето и полуфиналето, и се покажува како клучен играч во тимот на тренерот Марсело Галјардо.

Бразилците кои 38 години го чекаат трофејот, беа фаворити, но Ривер го брани трофејот од лани и искуството е на нивна страна, што севиде и во првите 45 минути.

Интересен момент се случи кога фудбалерите излегуваа на терен. Тогаш Габриел Барбоса, познат како Габи-гол, го допре пехарот, а тоа се смета за малер. Ако се знае колку се запалени и суеверни бразилските фанови, сигурно дека Габи ќе им биде еден од главните виновници ако тимот од Рио не ја освои континенталната титула.

- Оглас -

Најнови вести