Ако има 25 трки годишно, Хамилтон ќе ја напушти Формула 1

Луис Хамилтон нема да се трка во Формула 1 шампионатот, доколку сезоната биде проширена на 25 трки годишно, а тоа е реалност. Петкратниот светски првак мисли дека и оваа сезона со 21 трки е долга, а според него, идеално е да има 18. Но, не одлучува тој.

Британецот заработува 40 милиони евра годишно, има добар болид и тим зад себе, патува со приватни авиони и избегнува чекање ред на пасошка контрола на аеродроми, престојува во најдобрите хотели, но му пречи предолгата сезона.

„Се чувствувам како да сме имале 25 трки годинава. Лично, мислам дека не е добро што се проширува сезоната. Не знам која бројка е идеална, но мислам дека со 18 беше супер. Тешко е да се биде толку време отсутен од дома и одвоен од семејството. Ако има 25 трки по сезона, јас сигурно нема да учествувам“ – рече Хамилтон.

Во иднина сигурно ќе има трка во Виетнам, во најава се вклучување на Холандија и САД на патеката во Мајами, Индонезија и Индија имаат интерес.

- Оглас -

Најнови вести