Ако има некој денешен меч кој „плаче“ за ГГ и 3+, тоа е Манчестер јунајтед – Тотенхем

Манчестер јунајтед и Тотенхем вечерва од 21.15 часот ќе ги вкрстат копјата на „Олд Трафорд“ во меч од англиската Премиер лига, а според историјатот на меѓусебните дуели и моментната форма, тука „сигурица“ треба да биде дека ќе има барем три гола и дека двата тима ќе ја тресат противничката мрежа.

За играта ГГ и 3+, квотата во Sport Life е 1.95.

Зошто оваа игра? Црвените ѓаволи имаат серија од три премиерлигашки победи по ред против Петлит, и на сите овие три меча, Јунајтед даваше по три гола. Во минатата сезона, Кристијано Роналдо даде четири гола од шесте против Тотенхем.

Од друга страна, Тотенхем е незгоден гостин, дава барем по еден гол на 11 од своите последни 12 гостувања во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести