Ако испадне Еспањол, ќе го памети Марк Бартра (Видео)

Еспањол ќе го памети стоперот на Бетис, Марк Бартра, како играч што им даде два гола сезонава и ги чини најмалку четири бода во битката за опстанок во Ла Лига.

И вечерва фенерџијата во шпанското првенство не успеа да го сопре играчот што им беше ривал во катлонското дерби како член на Барселона.

Бартра го постигна единствениот погодок на мечот што заврши малку пред полноќ и му донесе победа на Бетис од 1:0.

Марк беше прецизен со удар со глава во 48-мата минута, доволно за триумф на домаќините на празниот „Бенито Вилјамарин“.

Истиот играч во првиот дел од сезоната го постигна последниот гол против Еспањол за израмнување на 2:2.

Клубот од Каталонија остана на последното место со 24 бода на 7 кола до крајот на Ла Лига, а Бетис дојде до 13-тото место со 37 бода и е на прагот да си обезбеди сигурен опстанок.

- Оглас -

Најнови вести