Трагедија во БиХ, почина фудбалер во тек на натпревар

Трагедија ја потресе Босна и Херцеговина, откако пристигна веста за смртта на фудбалерот на НК Бајер Велагиќи, Ами́р Џихан, за време на натпревар од Втората лига ФБиХ – запад со ФК Витез.


Трагичниот настан се случил на самата средба, по што натпреварот веднаш бил прекинат, а присутните на стадионот останале во шок и неверување.


Од клубот НК Бајер Велагиќи се огласија со соопштение во кое ја потврдија трагедијата и изразија длабока болка. Во него се наведува дека Џихан, кој е син на тренерот Енес Џихан, доживеал тешка несреќа на теренот и за жал не успеал да преживее.


Клубот упати порака за сочувство, упатувајќи поддршка кон неговото семејство во овие тешки моменти, додека фудбалската заедница во земјата остана длабоко потресена од оваа трагедија.

- Оглас -

Најнови вести