Ако ја почитувате традицијата, за вечерва во НБА има две чисти сигурици

Првиот меч од второто коло помеѓу Кливленд кавалирс и Индијана пејсерс, како и мајсторката од првото коло во која силите ќе си ги одмерат Хјустон рокетс и Голден Стејт вориорс, ја сочинуваат вечерашната програма во кошаркарската НБА лига.

Според квотите, фаворити за победа се домашните екипи, но во понудата на Sport Life има и многу други игри на кои може да се заработи, а некои податоци го најавуваат тоа.

За дуелот во Кливленд, според традицијата, „сигурица“ треба да биде плус поени кај домашниот бек Донован Мичел. Хендикеп границата е поставена на 26.5 поени, а Мичел е познат како ефикасен играч во отворање на серии, и има низа од седум први мечеви од некоја рунда во кои дава над 30 поени. Вакво нешто во историјата на НБА има само уште Мајкл Џордан.

На плус поени може да одиграте и на Стеф Кари од Голден стејт. Најдобриот тројкаш во историјата на НБА, минатиот пат кога играше мајсторка (во 2023) во една плејоф серија, постигна 50 поени. Вориорс водеа 3-1, сега е 3-3 и седмиот меч се игра во Хјустон, па Кари ќе мора да блесне како лидер на тимот ако сака пласман во западното полуфинале.

- Оглас -

Најнови вести