Ако крвта не е вода, тогаш на „Камп ноу“ ќе има магија, синот на Роналдињо потпиша за Барселона

Синот на легендарниот Бразилец, Роналдињо, 18-годишниот Жоао де Асис Мореира, денеска и официјално тргна по стапките на славниот татко и стана играч на Барселона.

Жоао потпиша договор со кој стана дел од тимот до 19 години на Барселона, а доколку поседува дел од талентот што го имаше неговиот татко, тогаш за брзо време ќе добие шанса да заигра за првиот тим. Тој досега беше дел од младинската академија на бразилскиот Крузеиро, а минатиот месец пристигна во Барселона на проба, која успешно ја помина.

Интересно е што Жоао де Асис Мореира е роден во 2005 година, кога неговиот татко беше прогласен за најдобар фудбалер на светот.

Роналдињо за Барселона настапуваше пет сезони, од 2003 до 2008 година, и освои пет трофеи со каталонскиот тим, двапати триумфира во Ла Лига, двапати во шпанскиот Суперкуп и еднаш победи во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести