Ако Лил биде шампион на Франција, заслугата ќе биде на вечерашниот гол на Јилмаз (Видео)

Лил на сензационален начин, со пресврт од 0-2 до 3-2 славеше на гостувањето кај Лион и се врати на прво место во француската лига, со еден бод предност пред ПСЖ, а до крајот на сезонава останаа само уште четири кола.

Бурак Јилмаз, кој ги даде првиот и третиот гол, беше творец на пресвртот. На Лион првпат по девет години му се случи дома да загуби меч на кој водел 2-0 и сега заостанува 6 бода зад лидерот, па може да се каже дека е отпишан од трката за титула во која ќе учествуваат Лил, ПСЖ и Монако, сите сместени само во два бода разлика.

Ова е голот на Јилмаз кој може на Лил да му донесе и титула:

https://twitter.com/i/status/1386425158550757379

- Оглас -

Најнови вести