Ако му верувате на мнозинството, ве чека добитна квота од 336

Погодени седум меча за денеска, според учесниците во Спортска прогноза за ова коло, може да ви донесат убава добивка во обложувалниците Sport Life. Од 535 прогнозери, најмногу веруваат во Ливерпул, а ако се видат кои се најчестите прогнози и на останатите средби од денешната понуда, може да се направи многу интересен тикет.

Треба да се потенцира дека прогнозерите со речиси 76 отсто се сигурни дека англиското дерби помеѓу Ливерпул и Челзи, ќе заврши со победа на домаќините. Квотата за „единицата“ е 1.75.

Денешната понуда започнува со дуелот Херенвен – Гронинген во 14.30 часот. Тука 51,7 отсто од прогнозерите мислат оти ќе биде „кец“, а ако навистина биде така, ќе погодите коефициент од 2,50.

На менито има и по два меча од Италија и Шпанија. „Кецот“ за Сасуоло против Парма е со коефициент 1.78, а во таков исход веруваат 60,7 отсто од прогнозерите. Градското дерби во Џенова ќе му припадне на тимот на Сампдорија, сметаат 59,4 отсто од прогнозерите. Ако се облоѓите, во Sport Life обложувалниците  ве чека квота од 2.45.

На победа на Реал Сосиедад против Еибар, прогнозирале дури 70,4 отсто, што е одличен показател. Триумф на тимот од Сан Себастијан е со квота 2.30. Речиси половина, 46,7 отсто од играчите на Спортска прогноза сметаат дека Жирона ќе загуби дома од Вилјареал во оваа битка за опстанок во шпанската Примера. За победа на гостите, коефициентот е 2.75. Само една петина од прогнозерите прогнозираа победа на Жирона која има само четири бода повеќе од загрозениот Вилјареал.

Најмногу веруваат и во победа на Вардар над Шкендија, но тука прогнозите се прилично изедначени, и „кецот“ не може да се каже дека е сигурен. На Вардар му даваат предност 36 проценти, за нерешено се 34, а победа на Шкендија типувале 29 проценти. Квотата за победа на Вардар е 2.80, додека двојката е 2.45.

Ако се соберат овие седум коефициенти, вкупниот коефициент е 336. Тоа значи дека за 100 вложени денари се добиваат повеќе од 500 евра, доколку се покажат како точни најчестите прогнози.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести