Ако не може Халанд и Левандовски, Барселона ќе го купи Габриел Жесус

Иако претседателот Лапорта тврди дека Барселона нема намера летово да купува напаѓач, сепак клубот е во потрага по реновирање на офанзивниот ред на тимот.

Според шпанските медиуми, Барса пројавува интерес кон Бразилецот од Манчестер сити, Габиел Жесус. Каталонците во 25-годишниот Жесус гледаат варијанта за засилување на нападот или замена за Мемфис Депај, кој би можел да си замине.

Договорот на Жесус со Сити истекува во летото 2023 година и се очекува Барса да плати отштета од околу 30 милиони евра.

Барселона ја поврзуваат и со Ерлинг Халанд и Роберт Левандовски, но до нив тешко дека ќе дојде со оглед на финансиските барања кои ги имаат. Халанд е блиску до Манчестер сити, додека Баерн со сите сили се обидува да го задржи Полјакот во своите редови.

Жесус не е омилен кај тренерот Пеп Гвардиола, но Чави со задоволство би го зел во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести