Ако не смее да се игра во Мадрид, Реал ќе биде домаќин на „Зорилја“

Шпанскиот првак Реал Мадрид постигна договор со Валјадолид за привремено користење на стадионот „Хозе Зорилја“ како домашен терен на Кралскиот клуб од шпанската престолнина доколку санитарните рестрикции го спречат Реал своите мечеви да ги игра на „Сантијаго Бернабеу“ или „Алфредо ди Стефано“.

Ако се случи Реал да не може да игра во Мадрид поради лоша епидемиолошка ситуација, тогаш ќе игра во блискиот Валјадолид. Интересно е што првиот домашен меч на Реал во новата сезона е на 30 септември, токму против Валјадолид, во четвртото коло од Ла Лига, па може да се случи Реал да биде домаќин против Валјадолид на стадионот на виолетово-белите.

По дуелот со Валјадолид, во октомври и ноември, Реал има само три домашни мечеви од лигата, но од 13 до 23 декември има три домашни дуели за десет дена.

- Оглас -

Најнови вести