Ако Обрадовиќ му се развика на Леброн како во Европа, ќе добие жесток одговор…На пример: „Кој си бе ти?“

Младиот турски центар Алперен Шенгун, кој од 2021 година е член на Хјустон рокитс, беше гостин во американската емисија Sunday Chat и, меѓу другото, зборуваше за разликите меѓу европската и американската кошарка.

Особено внимание привлече делот од разговорот каде што ги спореди тренерите во Европа со оние во НБА-лигата.

„Тоа се сосема различни стилови. Во Европа, тренерите се „луди“, викаат и се „дерат“ и на тренинг и на натпревар. Тоа не го гледате во САД. Бидејќи играчите овде се на високо квалитетно ниво, на пример Леброн или Кари, тренерот не може да вика на нив. Играчите би го прашале: „Кој си ти за да викаш?“

Шенгун го спомена и најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ како пример и изрази став дека тој не би можел да работи во НБА-лигата на истиот начин како во Европа.

„Тоа не би функционирало, не може така да се работи тука. НБА-играчите тоа нема да го толерираат“, е убеден Шенгун, кој пред да дојде во Хјустон, беше член на Бешикташ.

- Оглас -

Најнови вести