Ако одиграте според вкусот на мнозинството прогнозери, за денеска ќе имате тикет со шест фикса со големи квоти

Ниту еден од илјадниците играчи на Спортска прогноза, не ги погоди сите седум вчерашни мечеви на кои реално имаше изненадувања, па премијата ќе остане недопирлива и во ова 26-то коло, но има 18 кандидати за 11-ка, а еден прогнозер може да освои и ваучер од 1.000 денари ако ги погоди исходите на сите денешни дуели.

За денеска останаа да се доиграат уште шест натпревари од основната понуда, по кои ќе се знае дали ќе има добитници на некој од ваучерите од Sport Life.

Ако треба да им се верува на мнозинството прогнозери, фаворити за денеска се Баер Леверкузен против Волфсбург и Ница против Брест. Предност им се дава и на Лече против Сампдорија, и Валенсија против Севилја, најголеми шанси за реми треба да има на дуелот Оксер – Нант (над 52 проценти од прогнозерите типувале икс), а поделеноста е најголема за мечот Вердер – Фрајбург.

Победа на Вердер чекаат 35,4 отсто, победа на Фрајбург прогнозирале 38,5 проценти, а за нерешено се 26 проценти.

Замислениот тикет според прогнозите на мнозинството играчи на Спортска, би изгледал вака:

Лече – Сампдорија 1

Оксер – Нант Х 

Брест – Ница 2 

Вердер – Фрајбург 2 

Волфсбург – Баер Л. 2

Валенсија – Севилја 1 


Вкупна квота околу 205.4

- Оглас -

Најнови вести