Доколку Лерој Сане се пресели во Баерн Минхен, тогаш Манчестер сити празнината ќе ја пополни со Микел Ојарзабал од Реал Сосиедад. Ова е планот кој го имаат Граѓаните во случај да ги напушти Германецот, кој е повреден, но кога ќе оздрави, намерата му е да игра за Баварците.
Интересот на Пеп Гвардиола за Ојарзабал не е нов. Најдобриот играч на баскискиот клуб и претходно го гледаа како потенцијална замена за Сане. Сане и летоска беше пред трансфер во Баерн, но германскиот гигант не сакаше да плати 100 милиони евра, колку што бараше Сити.
Ако остане без 22-годишниот шпански репрезентативец, со кого има договор до 2024 година, тоа ќе биде голем проблем за Сосиедад, но ќе имаат пари и време да ангажираат соодветна замена. Сане нема да си замине од Сити во јануари затоа што се рехабилитира од скинатите лигаменти на коленото, па овие трансфери би се реализирале евентуално во летниот преоден рок.