Ако Пандев игра уште една сезона за Парма, нов тренер ќе му биде „лудата глава“

Останува непознаница дали Горан Пандев ќе ја заврши својата кариера во наредните недели, или пак ќе игра уште една сезона во дресот на Парма.

Македонската фудбалска легенда, наводно посакува уште една натпреварувачка година да го носи дресот на популарните „млекари“ кои што сезонава не успеаа да се пласираат во Серија А.

Поради таквиот неуспех, Парма одлучи да му врачи отказ на тренерот Џузепе Јанкини, а за главен кандидат се споменува Џенаро Гатузо.

„Лудата глава“ која што со гордост и голем успех го носеше дресот на Милан како фудбалер, а до минатата сезона му беше тренер на Елиф Елмас во Наполи.

Потоа, беше назначен за предводник на Фиорентина, но по само неколку недели пред стартот на сезоната го раскина договорот со „виолетовите“.

- Оглас -

Најнови вести