Ако патувате до Буенос Аирес со авион, ќе ве пречека Марадона во природна големина (Фото)

На интернационалниот аеродром во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, беше откриена статуа на славниот фудбалер Диего Марадона, кој почина минатата година.

Статуата е во природна големина, а за нејзина изработка е искортистена фотографија од ликот на Марадона од Светското првенство во 1986 година, додека целосно сконцентриран стоеше мирно при интонирањето на химната на неговата земја.

Со ова, исполнета му е желбата на покојниот Марадона, кој додека беше жив, сакаше по смртта да има статуа на аеродромот.

 

- Оглас -

Најнови вести