Арсенал вечерва има прилика на англиската Премиер лига да ѝ донесе успех каков што никогаш порано немала, а тоа е англиски екипи во иста сезона да ги освојат трите најквалитетни европски клупски натпреварувања.
Кристал Палас ја освои Конференциската лига, Астон Вила го крена победничкиот пехар во Лига Европа, па ако и Арсенал првпат во својата историја триумфира во Лигата на шампионите, Англија ќе направи хет-трик и ќе ја потврди доминацијата и Премиер лигата ќе се потврди како убедливо најсилна лига во Европа.
Досега само италијанските клубови успеале да ги освојат трите најсилни купови во иста сезона. Тоа се случи во сезоната 1989/90, кога Милан стана европски првак, Јувентус го освои Купот на УЕФА (денешна Лига Европа), а Сампдорија беше победник во некогашниот Куп на победниците на куповите.

