Ако размислувате дали да играте за репрезентацијата, вие не сте спортист, туку бизнисмен!

Некогашната кошаркарка Наташа Анѓелиќ, која беше во улога на стручен коментатор за време на преносот на РТС од финалето на женскиот Евробаскет, на кој Србија ја победи Франција, кажа неколку реченици кои се поучни за многу спортисти во светот. Особено периодов во Србија има многу негативни коментари против нивниот најдобар кошаркар Никола Јокиќ, кој одби да игра на Олимписките игри.

„Овие девојки никогаш не одбиваат повик да играат за репрезентацијата, без оглед на личната ситуација која ја имаат. Јелена Брукс три месеци по породувањето, му се приклучи на националниот тим. За овие девојки репрезентацијата не е интерес, туку љубов, и тоа им се врати со успех. Тие треба да им бидат пример на сите сегашни и идни спортски ѕвезди во Србија. Ако размислувате дали да играте за репрезентацијата, тогаш вие не сте спортист, туку бизнисмен“, рече Анѓелиќ.

- Оглас -

Најнови вести