Ако сакате тикет со феноменална квота од 838, послушајте ги прогнозерите

Уплата од 100 денари може да ви донесе добивка од над 83.000 денари, доколку им верувате на мнозинството учесници во деветтото коло на Спортска прогноза.

Деветтото коло на Спортска прогноза е рекордно, бидејќи 1.342 играчи земаа учество. Квантитетот помага да се зголемат шансите за добивање на наградите, па така, по вчерашните пет дуели, има 16 прогнозери кои се во трка за главната премија  IPhone XS. 

Од денешната понуда на Спортска прогноза, треба да се одиграат седум меча, а интересно е што на една од нив, идентични се очекувањата за победа на домашните и нерешено. Ист број на прогнозери типувале на единица и икс на дуелот Милан – Лацио, додека нешто помалку од нив се за двојка. Затоа, тука ќе го сметаме коефициентот за двојна шанса 1Х кој во Sport Life е 1.53.

Четири од петте вчерашни средби завршија „кецови“, а прогнозерите во голем број се убедени дека уште денеска само уште двајца домаќини е победат. Дури 67,7 отсто очекуваат Бордо да го победи Нант (квота 2.38), а безмалку 54 отсто мислат дека Фортуна ќе биде подобра од Келн (квотата за единица е 2.60).

Најмногу играчи на Спортска прогноза очекуваат дека без победник ќе завршат мечевите Лече – Сасуоло (квота 3.35), Сент Етјен – Монако (коефициент 3.40) и Гранада – Реал Сосиедад (квотата е 3.05).

Од гостите, најголеми шанси за победа му се даваат на Тотенхем против Евертон. Цели 59,1 отсто од оние над 1.300 прогнозери, сметаат дека гостите од Лондон ќе победат, а квотата за двојка на овој пар е 2.55.

Ако се соберат коефициентите на сите овие седум денешни натпревари, на виртуелниот тикет се добива вкупен коефициент од 838.6, што значи дека за 100 вложени денари можната добивка би била 83.800 денари. Вреди да се проба, ако се знае дека ова е тикет во чие составување учествуваат мнозинството од 1.342 играчи на Спортска прогноза.

- Оглас -

Најнови вести