Ако се игра без публика, Реал ќе го замени „Сантијаго Бернабеу“ со „Алфредо ди Стефано“

Реал Мадрид ќе го дигра остатокот од сезоната на теренот во тренинг центарот „Алфредо Ди Стефано“ во Валдебебас, ако остане одлуката да нема публика.

Храмот на фудбалот „Сантијаго Бернабеу“ речиси сигурно ќе остане празен до крајот на сезоната, кога и да се доиграат преостанатите мечеви од Ла Лига, а ќе се користи само во случај, Реал да приреди подвиг во Лигата на шампионите и го елиминира Манчестер сити.

Тоа е сложена мисија за Кралевите, кои загубија на домашен терен со 1:2, па ги чека реванш на „Етихад“ во Манчестер, што ќе го почнат со негатива.

Во меѓувреме „Сантијаго Бернабеу“ ќе продолжи да се реновира, а работите на стадионот на Реал Мадрид би требало да продолжат, откако Владата на Шпанија ќе дозволи повторно ќе го врати во погон и градежниот сектор.

- Оглас -

Најнови вести