Германски тренер е наследникот на Ираола во Борнмут

Германскиот стручњак Марко Розе е назначен за нов менаџер на Борнмут, соопшти англискиот премиерлигаш. Педесетгодишниот тренер потпиша тригодишен договор и на клупата го наследува Андони Ираола, кој неодамна го презеде Ливерпул.

Во соопштението на клубот се истакнува дека Розе е тренер со богато искуство во развој на млади фудбалери и работа на највисоко европско ниво.

„Успешен менаџер кој создава млади таленти и работел во некои од најголемите европски клубови му се приклучува на Борнмут. Розе е препознатлив по својот енергичен и офанзивен стил на игра, како и по способноста да ги развива младите играчи“, објавија од клубот.

Последниот ангажман на Розе беше во Лајпциг, каде што работеше до март 2025 година. Претходно ги предводеше Борусија Дортмунд, Борусија Менхенгладбах и Салцбург, а има искуство и во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа.

Во Борнмут очекуваат германскиот стратег да го продолжи напредокот на тимот и да ја задржи препознатливата офанзивна игра која клубот ја негуваше во изминатите сезони.

- Оглас -

Најнови вести