Ако се одложи ЕП, Хрватите остануваат без селектор

Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ, има договор со Федерацијата до 31 јули и ова значи дека ако се одложи Европското првенство, Коцкестите би можеле извесен период да останат без селектор.

УЕФА денеска ќе одржи видеосостанок на кој треба да се донесе одлука дали ќе се одложи ЕП, кое треба да стартува на 12 јуни и требаше да се игра во 12 градови во 12 различни држави. Коронавирусот го парализираше спортот, најмногу фудбалот и шансите Евро 2020 да почне во закажаниот термин се речиси нула.

Се шпекулира дека шампионатот ќе биде презакажан за следната година. Хрватите се во група со Англија, Чешка и тимот што ќе биде најдобар во баражот од Лигата на нациите во кој ќе играат Шкотска, Србија, Норвешка и Израел. Ако се игра в година, летово Далиќ и ХНС ќе треба да преговараат за нов договор за светскиот вицепрвак да не биде подолго време во непријатна ситуација.

- Оглас -

Најнови вести