Ако се прекине првенството, актуелниот лидер на Серија А нема да биде првак

Доколку поради епидемијата на Коронавирусот се донесе драстична одлука за прекин на фудбалското првенство во Италија, титулата ќе му припадне на Јувентус, иако во моментов лидер на табелата во Серија А е Лацио. Правилата велат дека во случај на прекин на шампионатот, првак е тимот кој водел по последното комплетирано коло. Со оглед на тоа дека последно целосно коло кое се одигра беше 24-тото, ќе се гледа табелата по 24-тото коло, а тогаш прв беше Јуве.

Италијанската лига била прекината само во 1914/1915, кога земјата се вклучи во Првата светска војна. Тогаш се играше во две групи, север и југ, и во финалето требаше да се сретнат Џенова од северот и Лацио од југот. Титулата ја доби Џенова бидејќи прва се пласирала во финалето. Сега ако се прекине Серија А, Џенова ќе испадне во втора лига, заедно со Бреша и СПАЛ.

Министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора, потврди дека првенството нема да биде прекинато, туку ќе продолжи, но без присуство на публика. Со тоа би продолжила спортска битка за трофејот, а гледачите би се заштитиле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести