Женската кадетска репрезентација на Македонија забележа нова победа на Светското училишно првенство кое се одржува во Скопје.
Нашите ракометарки во второто коло славеа со убедливи 45-13 над Грузија. Рона Мифтари даде 8 гола, Мила Ристовска и Тара Аврамовска постигнаа по 5, Анастасија Тодоровска, Марија Димоска, Бојана Ѓорѓиевска и Ања Лашкоска имаа по четири погодоци, итн.
Со овој триумф Македонија обезбеди пласман во четвртфиналето, а во последното коло против Словачка ќе одлучува за првото место во групата и условно полесен противник во разигрувањето.

