Ако Таљерес загуби од Кордоба, доцна вечерва Ривер плејт ќе ја освои титулата во Аргентина

Ривер плејт има десет бода предност во однос на вториот Таљерес Кордоба на табелата во аргентинската професионална лига и утре рано изутрина може без играње да ја освои шампионската титула во земјата која е светски првак.

Ривер трипати во својата историја, а последен пат во 1994 година титулата ја обезбедил благодарение на кикс на нивниот најблизок конкурент.

Таљерес вечерва од 2.30 по полноќ игра со Унион Санта Фе и домашните се фаворити. Но, ако се случи изненадување, ќе има славење на „Монументал“ во Буенос Аирес.

- Оглас -

Најнови вести