ПСЖ е фактор – Ако верувате во чуда, одиграјте дека Аргентина со Меси ќе биде нов светски првак (Фото)

Лионел Меси сè уште ја чека првата светска круна со Аргентина, а шанса ќе има во ноември и декември годинава на Мундијалот во Катар.

И има чудесен спој меѓу него и Пари Сен Жермен, клуб за кој две ѕвезди, една од почетокот на овој милениум и една сè уште актуелна во клубот, освојуваа шампионски круни на Светски првенства откако една година претходно потпишуваа договори со клубот од Париз.

Фудбалскиот маѓепсник Роналдињо стана член на ПСЖ во 2001 година, а веќе следната 2002 стана и светски шампион со Бразил на Мундијалот во Јужна Кореја и Јапонија.

Истото чудо му се случи и на Килијан Мбапе, кој сè уште игра за ПСЖ, и тоа со Меси.

Тој дојде во Пари Сен Жермен од Монако во 2017 година, а следната со Франција стана светски првак на Мундијалот во Русија.

Мбапе ќе ја брани титулата со Франција во Катар, но според хронологијата во ПСЖ, ред е Меси да стане светски првак со Аргентина.

Лео лани дојде од Барселона во ПСЖ, а по една година ќе сака да ја продолжи традицијата што ја воспоставија Роналдињо и Мбапе со божицата в раце, овојпат на Мундијал во Катар.

https://twitter.com/Tunesmatic/status/1551460784873607168?s=20&t=0HN1qjWvW-PeCRsWSNWqOg

- Оглас -

Најнови вести