Ако верувате во победа на Вардар, може и фино да заработите

Македонскиот ракометен првак Вардар вечерва, од 20 часот го игра својот меч од полуфиналето во СЕХА-лигата против белорускиот Мешков во Брест, а во понудата на Sport Life го има и тој меч, па ако верувате дека „црвено-црните“ ќе победат, би можеле и да заработите некоја пара.

Коефициентот за победа на Вардар е 2, што значи би земале двојно повеќе од уплатата. Според квотите во Sport Life, Вардар е благ фаворит во овој дуел. За победа на Мешков, квотата е 2.20, а за нерешено е 8.

Тимур Дибиров смета дека заморот ќе биде еден од непријателите на Мешков бидејќи во неделата имаа тежок меч со Флензбург од Лигата на шампионите, па Вардарци се малку поодморени.

„Ние имавме еден ден повеќе за одмор, но дефинитивно тие ќе имаат поддршка од навивачите и тоа исто така е важно во вакви мечеви. Очекувам тесен меч, шансите се 50-50“, изјави Дибиров.

Стојанче Стоилов рече дека двата тима се заморени, па мотивацијата ќе биде пресудна, а не домашниот терен. Вардар по осми пат е на фајнал фор во СЕХА и ја брка петтата титула.

- Оглас -

Најнови вести