Акробатот Петања му донесе злато вредна победа на Наполи, Аталанта игра атомски фудбал (ВИДЕО)

Екипата на Наполи славеше со 1:0 против Сампдорија во рамките на 21-то коло од италијанската Серија А.

Стрелец на единствениот гол на средбата беше Андреа Петања во 43-та минута со што тимот од Неапол стигна до бројката од 43 бодови.

Елиф Елмас го одигра целиот натпревар за својот тим.

Во втората средба, пак, од 16:30 часот, Удинезе и Аталанта одиграа ефикасен меч кој на крајот со 2:6 им припадна на гостите од Бергамо. Илија Несторовски воопшто го немаше во составот поради повреда.

- Оглас -

Најнови вести