Шпанскиот стратег е сериозна опција да биде нов тренер на Реал Мадрид

Реал Мадрид е на прагот да ја заврши сезоната без ниту еден освоен трофеј. Тоа е знак дека Кралскиот клуб и дефинитивно ќе мора да најде нов тренер. Алваро Арбелоа кој сега е на клупата на Реал, дојде како принудно решение по заминувањето на Чаби Алонсо, но сега е јасно дека ќе мора да се најде сериозно квалитетно решение за оваа клучна позиција.

Според најновите шпекулации, еден од главните кандидати да седне на „жешкото“ тренерско столче во Реал е актуелниот менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери. шпанскиот стратег го замени Стивен Џерард на кормилото на тимот од Бирмингем во ноември 2022 година и има договор кој го обврзува да остане до летото 2029 година. Сепак, според британските медиуми, тој би можел да се врати во својата татковина по завршување на оваа сезона.

Емери претходно ги водеше Виљареал, Валенсија, Севиља и Алмерија и поголемиот дел од својата кариера го помина во Шпанија. Со Севиља и Виљареал, тој освои вкупно четири трофеи од Лигата на Европа помеѓу 2013 и 2021 година.

Освен Емери, како еден од главните фаворити на листата на Реал е и поранешниот тренер на кралевите, Жозе Мурињо, кој моментално го предводи тимот на Бенфика од Лисабон.

- Оглас -

Најнови вести