Ал Хилал надмоќно до 19-та титула во Саудиска Арабија

Ал Хилал со победата од 4-1 против Ал Хазем, ја потврди својата 19-та титула првак на Саудиска Арабија. За најтрофејниот саудиски клуб, ова е вкупно 68-ми пехар во нивната историја.

Ал Хилал денеска сите четири гола ги даде во првото полувреме, три од тие голови беа дела на Србите Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ, па на три кола до крајот Ал Хилал има 12 бодови предност пред Ал Наср. Ова беше 15-та победа по ред на домашен терен за Ал Хилал.

- Оглас -

Најнови вести