Ал-Итихад не сопира, ја купија премиерлигашката ѕвезда за 60 милиони евра

Бензема и Канте од денес имаат француско друштво во Ал-Итихад. Клубот од Саудиска Арабија за 60 милиони евра го купи Муса Дијаби од Астон вила и со него потпиша договор на пет години.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1815096791701807264?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1815096791701807264%7Ctwgr%5E219032e80d461e8986a97245fd58bea23c4741c7%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fal-ittihad-diaby-ederson-pojacanja%2F478555

Деталите за личните услови на фудбалерот во моментов не се отриваат, но трансферот во најмала рака е изненадувачки, со оглед на тоа дека Дијаби само пред една сезона потпиша за Астон вила, и тоа за идентични 60 милиони евра од Баер Леверкузен. Францускиот интернационалец тогаш одби богата понуда од Ал-Наср само за да игра во Премиер лигата, но очигледно само по една година се премисли.

Дијаби минатата сезона за екипата на Астон вила одигра вкупно 54 натпревари, на кои постигна 10 погодоци, а забележа и девет асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести