Ал-Келаифи: Ангажманот на Меси е знак дека го почитуваме ФФП

На прес-конференцијата на која ПСЖ го претстави Лионел Меси на јавноста, претседателот Насер Ал-Келаифи дочека да одговори на прашањето кое предизвика контроверзи околу финансискиот фер-плеј и како е можно парискиот гигант да го издржи договорот на Аргентинецот.

„Токму ова прашање го чекав, добро е што го поставивте. Штом успеавме да го доведеме Меси како што гледате, тоа значи дека се испочитувани сите правила на финансискиот фер-плеј. Од првиот ден кога ја презедовме оваа организација, работиме во склоп со правилата. Пред да направиме потег кон ангажман на Меси, ги проверивме сите детали од комерцијален, правен и финансиски аспект и утврдивме дека е возможно да го додадеме овој врвен фудбалер во нашиот тим. Изминативе три дена претрпевме позитивен шок во популарност, кога ќе имаме прилика ќе ги приложиме бројките за да се уверите и самите. На медиумите би им предложил да поретко да гледаат негативно на работите, бидејќи Меси за нас е од огромен придонес, кој ќе расте со секој негов натпревар. Се надевам само дека Лео нема да побара повисока плата, за да останеме регуларни“, заврши со шега првиот човек на ПСЖ.

Како што е познато, Меси стави потпис на двегодишен договор со опција истиот да се продолжи на уште една сезона, а заработката по сезона изнесува 35 милиони евра, несметајќи ги и дополнителните бонуси во настапи и учинок.

- Оглас -

Најнови вести