Ал-Келаифи: Мбапе не остана во ПСЖ поради парите, туку верувам дека го сака клубот

Сагата околу тоа каде Килијан Мбапе ќе ја продолжи својата кариера беше разјаснета викендов кога ПСЖ соопшти дека постигна нов договор со Французинот.

За некои три години на колку што е потпишана соработката, напаѓачот ќе инкасира над 600 милиони евра, а ќе има и целосна контрола врз изборот на играчите, спортскиот директор како и новиот тренер.

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи излезе со свои први впечатоци, откако тимот се договори со Мбапе.

„Парите не се најважни во случајот на Мбапе и сметам дека тој не остана поради финансиите, туку поради проектот.

Доколку ги сакаше парите, тој можеше да замине во еден клуб од Шпанија, но верувам дека тој го сака нашиот клуб“ изјави Ал-Келаифи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести