Хартс загуби од Селтик, но бара титулата да ја добијат тие, а причината е бизарна (Видео)

Во една од најдраматичните завршици на фудбалските сезони, Селтик со 3:1 го победи Хартс, во директен дуел на двете екипи кои во последното коло влегоа со шанси за трофејот во Шкотска. Хартс требаше да остане непоразен на теренот на гигантот. Водеа гостите со 1:0, но Селтик од пенал израмни на 1:1 пред крајот на првото полувреме.

Во вториот дел Селтик настојуваше да постигне втор гол за победа и титула, а тоа се случи во 88 минута. Во последните моменти Хартс тргна со сите сили да израмни, но Селтик направи контра напад и даде гол за 3:1 буквално во последните секунди од мечот.

Само што беше постигнат третиот гол за Селтик, стотици навивачи на домашниот тим втрчаа на теренот да прослават, а мечот не продолжи. Од Хартс тврдат дека главниот судија Робертсон не отсвирил крај на средбата, која заврши со втрчување на домашните навивачи на теренот.

Гостите од Единбург тврдат дека мечот не е завршен, а со самото тоа средбата е нерегуларна. Ако тоа се потврди како точно, Хартс се надева дека може да добие службена победа од 3:0, што би значело дека тие би било шампион на Шкотска.

Главниот судија Робертсон тврди дека отсвирил крај, но тоа допрва треба да се докаже дали е така. Во последните 41 година, во Шкотска шампионските титули ги освојуваат само екипите на Селтик и Ренџерс.

- Оглас -

Најнови вести