Алан нема да игра против Џенова, прилика за Елмас да биде стартер

Карло Анчелоти нема да смета на играчот за врска Алан за утрешниот дуел на Наполи против Џенова. Не се работи за повреда, но Бразилецот нема да биде во плановите на италијанскиот стратег, наводно тој е еден од главните бунтовници во овој кризен период во тимот.

Алан на денешниот тренинг беше непријателски пречекан од фановите на Наполи кои имаат сезонски билети и имаа пристап до тренинг кампот на вицешампионот.

Тоа значи дека Елиф Елмас би можел од првата минута да се соочи со тимот на Пандев, во дуелот кој е закажан за утре во 20:45 часот во рамки од 12-тото коло во Серија А. Македонскиот „дијамант“ ќе конкурира заедно со Фабијан Руиз и Пјотр Зјелински за стартниот состав, а би било убаво да се види во лигашки дуел против капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести