Алан Ширер е минато, никој не е како Агуеро

Серхио Агуеро од денес е напаѓачот со најмногу хет-трикови во Премиер лигата. Аргентинската ѕвезда на Манчестер сити го запиша 12-тиот хет-трик и сега има еден повеќе од легенрадниот Алан Ширер.

Во триумфот на Граѓаните од 6-1 против Астон вила, Агуеро воедно стана најдобар странски стрелец во Премиер лигата со 177 погодоци надминувајќи го рекордот на Тиери Анри од 175, а воедно се израмни со Френк Лампард на вечната листа на стрелците на четвртото место.

На вечната листа, Енди Кол му бега за 10 гола, а како што му тргна на Агуеро, и тој рекорд наскоро ќе го стигне. По дуелот на „Вила парк“, Пеп Гвардиола за феноменалниот Агуеро истакна дека ќе умре давајќи голови, тоа му е во крвта… И навистина е така.

- Оглас -

Најнови вести