АЛАРМОТ ВКЛУЧЕН: Пред една година бевме на ЕП во Букурешт, а сега никој не сака да ја гледа Македонија!

Не се памти кога имало помалку публика на арената „Тодор Проески“, а да игра македонската фудбалска репрезентација. Празни зјаат трибините на нашиот најголем стадион за дуелот Македонија – Гибралтар во рамките од Лигата на нации.

Поразот од Грузија со 0:3, како и билетите кои чинат 350 и 250 денари сигурно се главни причини зошто трибините се празни. Едноставно финансиската криза која е кај народот, како и слабиот резултат против Грузија беше причина за оваа глетка денеска на стадионот.

А за потсетување, пред точно една година Македонија беше во фудбалска треска. На 13 јуни 2021 година Македонија играше против Австрија во Букурешт во првиот меч на Европското првенство. тоа беше историски дуел за Македонија, а тогаш илјадници навивачи решија да пропатуваат речиси 1.000 километри да платат билети кои се многу поскапи од сега, само за да ја гледаат Македонија.

Што се случи за само една година, па сега е оваа очајна слика на „Тодор Проески“?

- Оглас -

Најнови вести