Албанец стана главна мистерија во Англија – Не се сите на број во Челзи, исчезна Броја, го нема веќе 48 часа

Армандо Броја одигра вкупно 17 минути за Челзи на првите два меча од Премиер лигата и во Англија велат дека потоа исчезнал.

Младиот напаѓач го нема никаде во последните два дена, ниту на тренинзите на клубот од Лондон, ниту меѓу повредените играчи, во групите за рехабилитација, ниту на натпреварите за играчи под 21 година на Челзи.

Албанецот има 20 години и неговото исчезнување во последните 48 часа е мистериозно.

Една од шпекулациите е дека Челзи се подготвува да го продаде или дља го позајми повторно, откако пред стартот на оваа сезона Броја се врати кај лондончани од позајмицата во Саутхемптон.

Броја е еден од најголемите таленти на Островот, а имаше впечатливи настапи лани за Саутхемптон и веднаш беше вратен во Челзи.

За него има интерес од многу екипи и во случај Челзи да сака да го продаде или да го позајми, лесно ќе најде нов клуб.

Трансфер-периодот во Англија трае до први септември, па сигурно дотогаш ќе се знае дали 20-годишниот напаѓач ќе остане во Челзи или ќе игра за друг клуб.

- Оглас -

Најнови вести