Албанија даде неверојатен гол, но не ја прекина кошмарната низа против Шпанија (Видео)

Шпанија со 2:1 ја победи Албанија во пријателски меч на кој апсолутно доминираше Црвената фурија. До 75 минута немаше голови, а во последните 15 минути беше драматично.

Феран Торес ја доведе Шпанија во водство од 1:0.

https://twitter.com/i/status/1507815159535919113

Албанија израмни со неверојатна среќа, кога топката го удри во глава Мирто Узуни и во 85 минута беше 1:1.

https://twitter.com/i/status/1507817533738475520

Се чинеше дека Албанија за прв пат во историјата на мечевите против Шпанија ќе успее да остане непоразена, но тогаш Дани Олмо погоди во 90 минута за 2:1 и триумф на фаворитот.

Ова беше осми меч меѓу Шпанија и Албанија и секогаш победувала Црвената фурија.

Статистиката на вечерашниот меч покажа дека домаќинот имал 76 отсто посед на топка и дури 933 додавања, наспроти само 188 додавања на албанските фудбалери. И покрај ваквата статистика, малку фалеше Албанија да не загуби прв пат од Шпанија, но Олмо не дозволи традицијата да биде прекината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести