Албанија и Турција се на чекор од ЕП, Шпанија во финишот ја „скрши“ Шкотска (Видео)

Репрезентациите на Албанија и Турција се најголемите добитници по вечерниве натпревари од квалификациите за Европското првенство. Значајна победа забележа и Шпанија, која во спротивно можеше да си ги намали шансите за пласман на континенталниот собир.

Албанија на „македонски“ погон ја доби Чешка со убедливи 3-0 бидејќи сите голови беа дело на фудбалери кои се родени во Македонија и во минатото настапуваа за нашите младински селекции. Резултатот го отвори Јасир Асани во првото полувреме, а победата на Албанија ја запечати Тауљант Сефери со два погодока во второто полувреме.

На вториот натпревар од оваа група, Полска очекувано ги победи Фарските Острови со 0-2 на гости.

Турција ја шокира Хрватска во Осијек и ја победи со минимални 0-1 со погодокот на Јилмаз во првото полувреме. По поразот на Ерменија од Летонија, Турците веќе може да се подготвуваат за прославата за пласман на Европското првенство во Германија.

Значајна победа и за репрезентацијата на Шпанија, која во финишот ја „скрши“ непоразената Шкотска и ја продолжи битката за пласман на континенталниот собир. Победата на Црвената фурија ја донесоа Мората и Сансет во 74-тата и 86-тата минута.

Во игра за пласман на Европското првенство останува и Норвешка, која беше убедлива со 0-4 на гостувањето кај Кипар.

На преостанатите два натпревара од вечерната програма, Косово очекувано со 0-3 беше подобар од Андора на гости, додека Белорусија и Романија одиграа без голови, 0-0.

- Оглас -

Најнови вести