Албанија по вторпат во историјата ќе игра на ЕП (Видео)

Фудбалската селекција на Албанија по вторпат во својата историја обезбеди пласман на Европско првенство.

Албанците со ремито од 1:1 на гости кај Молдавија го освои посакуваниот бод кој им гарантира една од првите две позиции на табелата во групата Е. Албанија на едно коло до крајот на квалификациите е лидер на табелата со 14 бода, додека Чешка има три бода помалку и вечерва игра против Полска која и трета со 10 освоени бода.

Албанија поведе со голот на Цикалеши во 25-та минута, а Молдавците израмнија во финишот, во 87-та минута преку Бабогло.

Првиот настап на Европските првенства, Албанија го имаше во Франција во 2016 година и настапите ги заврши во групната фаза со една победа над Романија (1:0) и два порази од Швајцарија (1:0) и Франција (2:0).

Во вториот меч од 18 часот, Финска во рамки од групата Х со убедливи 4:0 ја совлада Северна Ирска.

- Оглас -

Најнови вести