Албанците повторно ќе имаат селектор Италијанец?

Луиџи де Канио е фаворит за преземање на кормилото во албанската репрезентација. Овој италијански стручњак на клупата на нашиот западен сосед би го наследил својот сонародник Кристијан Панучи, кој беше сменет пос поразот од Турција минатата недела.

Де Канио е некогашен тренер на Наполи, Удинезе, Џенова и други тимови, а води преговори со Албанската федерација, но досега не е постигнат договор околу платата и должината на договорот.

Вечерва Албанија гостува кај Андора и ќе биде голем фаворит за победа. На клупата на Албанците ќе бидат Ервин Буклу и Сулејман Мема. По овој меч, во наредните денови ќе се знае дали Де Канио ќе биде човекот кој ќе ја води репрезентацијата низ квалификациите за ЕП 2020 или некој друг.

- Оглас -

Најнови вести