Албумот на „Панини“ со сликички за Светско првенство има една грешка (Фото)

Албумот со сликички посветен на Светското првенство во Катар утре треба да почне да се продава низ Европа, но уште нема официјална информација кога ќе дојде во Македонија. Колекционерите се нетрпеливи, чекаат да почне дистрибуцијата на албумот на „Панини“.

Во Аргентина веќе е почната продажбата на албумот, а аргентинските медиуми објавија дека во албумот има една грешка. Како датум за одигрување на мечот Сенегал – Катар, стои 21 ноември, а средбата ќе се игра на 20.

Оваа грешка не е намерна, туку албумот е печатен во средината на јуни, кога уште не се знаеше за промената на терминот за старт на Мундијалот. Ова веројатно нема да им пречи толку на колекционерите.

За пополнување на албумот, ќе треба да се залепат 638 сликички. Во едно пакетче ќе има по пет сликички, но не се знае по која цена ќе се продаваат кај нас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести