Тиквеш на свој терен во Кавадарци одигра 1:1 против Арсими во меч од 30. коло на Прва фудбалска лига на Македонија. Домаќините од 19 минута игра со фудбалер помалку по добиен директен црвен картон.
И со фудбалер помалку, Тиквеш водеше со 1:0, но Арсими израмни и на крајот средбата заврши нерешено 1:1.
Со овој бод, Тиквеш стигна до петото место со 41 бодови, додека Арсими има 39 бодови и е седмопласиран. Двете екипи се во сигурната зона, но уште немаат обезбедено опстанок, што значи дека ќе има уште возбудувања во последните три кола.
Освен тоа што се случуваше на теренот, денешниот меч во Кавадарци го одбележа и една скандалозна кореографија на домашните навивачи, популарните “Лозар”. Тие извадија кореографија која сигурно ќе предизвика многу реакции.


