Јувентус непријатно беше изненаден на свој терен откако одигра само 1:1 против Верона, во меч од 35. коло во Серија А. Со овој бод, тимот од Торино останува на четвртото место со 65 бодови, додека Верона е на претпоследната позиција со само 20 бодови и следната сезона сигурно ќе игра во Серија Б.
Иако италијанскиот гигант беше голем фаворит пред средбата, Верона прва постигна гол. Во 34 минута Бове искористи едно невнимание во одбраната на Старата дама и постигна гол за водство на гостите. Тој погодок може да го видите ТУКА.
За спас од комплетен срам на Јувентус се погрижи Душан Влаховиќ кој постигна прекрасен погодок од слободен удар со шут од преку 25 метри и тој гол може да го видите ТУКА.

